ПОЛИТИКА ЗА ЗАМЕНА И РЕФУНДАЦИЈА
Во ICONICHUB Macedonia се стремиме секој купувач да го добие точно производот што го нарачал. Доколку при обработката или испораката на нарачката настане грешка, важат следните услови за замена и рефундација.
ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОД
Доколку Ви е доставен:
- погрешен модел;
- погрешен број (големина);
- погрешен производ;
потребно е да нè контактирате во рок од 24 часа од приемот на пратката.
За успешно процесирање на барањето, потребно е да ни ги доставите следните информации:
- број на нарачка;
- име и презиме;
- краток опис на проблемот;
- фотографија од доставениот производ.
Контакт:
E-mail: iconichubmk@gmail.com
По приемот на барањето, нашиот тим ќе ја провери нарачката и ќе започне постапка за корекција на настанатата грешка.
РЕФУНДАЦИЈА НА СРЕДСТВА
Рефундација на средства не се врши во следните случаи:
- промена на мислење од страна на купувачот;
- желба за избор на друг модел;
- желба за избор на друг број (големина);
- други лични причини од страна на купувачот.
Рефундација на средства е можна само во случај кога:
- купувачот добил погрешен модел, погрешен број или погрешен производ; и
- не постои достапна залиха за соодветна замена или корекција на нарачката.
Доколку не постои достапна залиха за замена, ќе биде извршена рефундација на средствата во рок од 14 работни дена, по приемот и проверката на вратениот производ.
УСЛОВИ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОДОТ
Производот што се враќа мора да биде:
- неоштетен;
- неносен и некористен;
- неперен;
- во оригиналното пакување;
- со оригиналната етикета и целата придружна амбалажа.
Производот треба да биде вратен во иста состојба во која бил примен.
Доколку при проверката се утврди дека производот е оштетен, носен, користен, испран или не е вратен во оригиналната состојба и амбалажа, ICONICHUB Macedonia го задржува правото да го одбие барањето за замена или рефундација.
РОК И ПОСТАПКА ЗА ОБРАБОТКА
Секое барање за замена или рефундација се разгледува по приемот и проверката на вратениот производ.
По извршената проверка, купувачот ќе биде информиран за понатамошната постапка во врска со замената или рефундацијата.
НАПОМЕНА
Со потврдување и завршување на нарачката преку www.iconichub-mk.com, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и прифатиле условите наведени во оваа Политика за замена и рефундација.
ICONICHUB Macedonia го задржува правото да ги ажурира или измени овие услови кога тоа е потребно.